Европската бизнис асоцијација на 05 ноември во ресторан „Воденица“, го прослави јубилејот 15 години од своето постоење. На истиот ден, ЕБА одржа и Генерално Собрание на кое беа изгласани и разгледани ревизорскиот извештај за минатата година и буџетот за наредната, исто така се презентираа и усвоија предвидените активности за претстојната 2020 година.
На прославата по повод јубилејот на ЕБА, се обрати претседателката на ЕБА и генерален директор на “EOS Matrix” г-ѓа Катерина Бошевска, како и претставник на Европската делегација во Република Северна Македонија г-дин Freek De Jannat.