1.ОПИС
Европската бизнис асоцијација (ЕБА) бара кандидат кој ќе ја преземе улогата на извршен директор (ИД) почнувајќи од јануари 2022 година.
ИД рапортира на одборот на директори и го води спроведувањето на годишните работни планови на организацијата, во согласност со визијата и мисијата на ЕБА. Тој/таа се поврзува со релевантните владини органи, меѓународни организации и нивните релевантни проекти, како и со дипломатската заедница во Скопје за да го зголеми нивното разбирање за предизвиците на членките и реформските приоритети. Тој/таа работи на континуирано додавање вредност на членството и зголемување на учеството во настаните, комуникациите и иницијативите на здружението.
2.ОДГОВОРНОСТИ
3.ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
– високо образование, при што предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на економија, бизнис администрација, стратегиски менаџмент, менаџмент со човечки ресурси, правни науки (научен степен магистер или доктор на науки ќе се смета за предност);
– активно познавање англиски јазик;
– одлично познавање на MS Office пакет програми и развиени компјутерски вештини;
– учество во истражувања, студии за изводливост;
– способност за раководење и контролирање на работата и обврските;
– одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на ефикасно работно опкружување;
– одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
– конструктивен пристап кон работните процеси, стратегии и цели;
– проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
– подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
– способност за организирање задачи според приоритет и во кратки рокови;
– личност со интегритет и лојалност кон организацијата.
Од дополнителна важност се следните карактеристики:
4.НАЧИН НА АПЛИКАЦИЈА
Кандидатот треба да ги достави следните документи:
Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, потребната документација може да ја испратат во скенирана форма, по електронска пошта, на e-mail: eba@eba.com.mk , со назнака: Пријава за избор на извршен директор, на адреса:
Рокот за пријавување е до 24.12.2021година до 17:00 часот.