Средба со г-дин Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за европски прашања

 11 April 2019

Денес, делегација на Европската бизнис асоцијација, предводена од Претседателот на ЕБА, г-ѓа Катерина Бошевска, заедно со г-дин Радош Вукиќевиќ и г-дин Арбен Абдурахмани, Потпретседатели на ЕБА, и г-дин Димитар Ристовски, Извршен директор на ЕБА, оствари средба со г-дин Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата на РСМ, задолжен за европски прашања.

На средбата, која помина во повеќе од позитивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања.

Од страната на ЕБА беше претставен новоизбраниот состав на Одборот на директори, а посебен акцент беше ставен на претставување на активностите и проектите кои што ЕБА планира да ги реализира во наредниот период.

На средбата, г-дин Османи истакна особено задоволството што и бизнис заедницата, претставена преку ЕБА и нејзините компании-членки, е подготвена активно да се вклучи во претстојните преговори за членство на С. Македонија во ЕУ.

Главен заеднички заклучок на средбата беше дека активностите на ЕБА и Секретаријатот за европски прашања, се повеќе од комплементарни. Имајќи го во предвид актуелниот политички момент во кој се наоѓа С. Македонија, се договори соработката помеѓу ЕБА и СЕП да се интензивира и продлабочи. Како следни активности се утврдија:

Дефинирање на платформа за соработка и продлабочување на континуираната комуникација на техничко ниво

Организација на серија настани на кои ќе се претстави процесот и значењето на отварањето на преговорите со ЕУ за бизнис-заедницата

Креирање на јавна кампања со која ќе се претстават придобивките и бенефитите за граѓаните на С. Македонија од економски аспект