Средба со г-дин Драган Тевдовски, Министер за финансии на Владата на Република Северна Македонија

 8 May 2019

Во серијата средби со претставници на Владата на РСМ, би сакале да ве информираме дека во петок, 03 мај 2019, делегација на Европската бизнис асоцијација, предводена од Претседателот на ЕБА, г-ѓа Катерина Бошевска, заедно со г-дин Радош Вукиќевиќ – Потпретседател на ЕБА, и г-дин Димитар Ристовски, Извршен директор на ЕБА, оствари средба со г-дин Драган Тевдовски, Министер за финансии во Владата на РСМ.
На средбата, која помина во исклучително искрена и продуктивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања.
Од страната на ЕБА беше претставен новоизбраниот состав на Одборот на директори, а посебен акцент беше ставен на претставување на активностите и проектите кои што ЕБА планира да ги реализира во наредниот период.
На средбата, г-дин Тевдовски од негова страна, истакна особено задоволството што и бизнис заедницата, претставена преку ЕБА и нејзините компании-членки, е подготвена активно да се вклучи во претстојните преговори за членство на С. Македонија во ЕУ, а особено задоволство истакна од можноста ЕБА, преку своите компании-членки, да делегира свои претставници во тимовите кои што ќе ги водат преговорите за членство во ЕУ.
Исто така, г-дин Тевдовски ги образложи и активностите и проектите на Министерството за финансии, и ја изрази подготвеноста во наредните активности и подготовка на нови законски решенија, да биде директно вклучена и ЕБА преку редовни средби и консултации на квартално ниво.