Средба со г-дин Кочо Анѓушев, Заменик-Претседател на Владата на Р.С.Македонија задолжен за економски прашања

 10 May 2019

Заокружувајќи ја серијата на средби со претставници на Владата на РСМ, би сакале да ве информираме дека денес, петок, 10 мај 2019, Претседателот на ЕБА, г-ѓа Катерина Бошевска, заедно со г-дин Димитар Ристовски, Извршен директор на ЕБА, оствари средба со г-дин Кочо Анѓушев, Заменик-Претседател на Владата на Р.С. Македонија задолжен за економски прашања.

На средбата, која помина во исклучително позитивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања. И на оваа средба, од страната на ЕБА беше претставен новоизбраниот состав на Одборот на директори, како и активностите и проектите кои што ЕБА планира да ги реализира во наредниот период.

Особен акцент беше ставен на претставување на претстојната панел дискусија, која е закажана за 06 јуни 2019, а која е посветена на дуалното образование. Со огромно задоволство, г-дин Анѓушев ја прифати покана да биде главен говорник на овој настан, сметајќи дека тој е од особено значење за развојот на Македонската економија.

Понатаму, г-дин Анѓушев ја даде својата недвосмислена поддршка на активностите на ЕБА, а со особено задоволство прифати да учествува и на прославата на 15 години постоење на ЕБА, која ќе биде одржана на крајот на оваа година.

Средбата беше искористена и за разгледување на тековните економски проекти на Владата, како и за предлозите од страна на ЕБА за понатамошно подобрување на бизнис климата во С. Македонија.