Средба со ЗПВРСМ за економски прашања г-ѓа Мила Царовска

 30 January 2020

Денес, Претседателот и Извршниот директор на ЕБА, г-ѓа Катерина Бошевска и г-дин Димитар Ристовски, остварија средба со г-ѓа Мила Царовска, Заменик-Претседател на Владата на РС Македонија за економски прашања.

На средбата беа дискутирани повеќе прашања. Акцентот се задржа на измена на повеќе закони кои се од суштинско значење за бизнис секторот како на пр. Законот за работни односи. Меѓудругите беа дадени коментари и забелешки за измените во Законот за облигациони односи, даночната сфера, функционирањето на инспекцискиот надзор.

Заеднички заклучок од средбата е дека дијалогот помеѓу владата и бизнис заедницата е повеќе од потребен за спроведување на успешни реформи, и се превземаа обврски и задолженија истиот да продолжи уште поактивно.